Викенд прогноза за Куманово: Подгответе ги чадорите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во западните делови, каде се очекува локално да наврнат и над 25 l/m²дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 11 до15 степени, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, додека максималната дневна ќе достигне 14 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Старо Нагоричане утре гласаат 19 болни и немоќни, во Липково 404

Од страна на УХМР за денеска за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од врнежи од дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме облачно време со врнежи од дожд и слаб до умерен северен ветер.

Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а дневниот максимум ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

 

 

Во недела ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 1 до максимални 14 степени целзиусови.

 

 

Од понеделник ќе имаме стабилизација на времето со раст на температурите кои ќе надминуваат 20 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комбе изгоре во пожар во Никуљане

Никола Ивановски