Ова се 10 правила на образовниот систем во Јапонија

Сподели со своите пријатели

Меѓу другото децата од Jапонија не полагаат никакви тестови пред 10-годишна возраст, а училишната година им започнува во април.

Јапонците се познати како многу интелигентен народ, кој се гордее со својата долговечност, но и со љубезноста кон сите. Меѓутоа, поради што се такви поинакви од останатиот дел од светот? Одговориот лежи во тајните и правилата на нивниот образовен систем кој децата од мали нозе ги учи на вистинските вредности.

Манири пред знаење

Во Јапонија, децата не полагаат испити пред да наполнат десет години. До тогаш решаваат само мали тестови за да не бидат премногу оптеретувани. Веруваат дека пвите три години од школувањето, учениците треба да ги научат манирите и да ја развијат личноста. Децата се учат да ги почитуваат другите луѓе и да бидат нежни кон животните и природата. Нив исто така ги учат да бидат великодушни и солидарни, но им развиваат и карактеристики како што е самоконтролата.

Училишната година започнува во април

И додека кај целиот свет училишната година започнува во септември или октомври, во Јапонија започнува во април. Една од причините е што тогаш цвета познатата јапосна цреша. Нивната настава е поделеена во три семестри: од 1 април до 20 јули, па од 1 септември до 26 декември и потоа од 7 јануари до 25 март.

Учениците одбиваат задачи од домарот

Во јапонските училишта, учениците сами ги чистат своите училници, кафетерии, па дури и тоалети. Тие се поделени во мали групи и нивните задолежнија се ротираат во текот на годината. Нивниот образовен систем верува дека така се учат на тимска работа, но и дека им се помага да научат да го вреднуваат туѓиот труд.

Ручекот се јаде во училници

Секојдневно на менито имаат здрава храна исклучиво приготвена со природни состојки и истата се јаде во училниците. Тие јадат заедно со наставниците, па така ги зацврстуваат врските со нив.

Вонучилишни активности се доста популарни

Поголемиот дел од децата по наставата одат на разни курсеви за да се запишат на што подобри факултети или средни училишта. освен што минуваат по осум часа на училиште, на вонучилишните трошат уште четири.

Не ја запоставуваат својата историја

Освен што ги учат традиционалните предмети, јапонците често ги откриваат и магијата на странската поезија на своите деца, додека и нивното писмо е доста застапено во училиштата. Така ја чуваат својата култура, но и ја почитуваат туѓата.

Сите носат униформи

Скоро сите основни и средни училишта во Јапонија имаат задолжителна облека која ја носат учениците. Така се отстрануваат социјалните бариери и се почитува еднаквоста. Во училиштата сите се исти.

Доаѓањето на часовите е на завидно ниво

Во јапонија скоро никој не отсуствува од училиште, па така процентот на доаѓање на часовите е неверојатни 99,99%. Повеќе од 91% од испитаниците во Јапонија признале дека никогаш не бегале од часови.

Еден тест им ја „открива иднината“

На крајот на средното училиште, сите ученици полагаат тест за да полесно се одлучат при изборот ан факултет. Тие избираат на кој факултет сакаат да одат, а ако не ги исполнат условите тогаш обично се откажуваат од студирање. Меѓутоа, дури 76% од студентите запишуваат факултет по својата желба.

Одењето на колеџ им е одмор

Откако ќе завршат средно училиште каде се изложени на голем број тестови, јапонците за време на факултетските денови во поголемиот дел се одмараат. Обично овој период го нарекуваат одмор пред одење на работа.