Руското Министерство за одбрана објави дека 59 украински беспилотни летала биле уништени или пресретнати над руска територија во текот на ноќта.
Според овој извештај, 17 беспилотни летала биле неутрализирани над Ростовската област, 12 над Волгоградската област, 11 над Белгородската област и девет над Воронежската област, пренесува Интерфакс.
Уште четири украински дронови биле неутрализирани над анектираниот Крим, и по еден над Брјанската, Курската и Орјолската област.
Три украински беспилотни летала биле соборени над Црното Море, објави руското Министерство.
ПРОЧИТАЈТЕ И: Русите најдоа начин да ги избегнат украинските дронови? „Преместуваа тенкови и топови“