Осумнаесетгодишник од Куманово бил приведен ноќва откако бил затекнат како краде предмети од угостителски објект.
– На 14.10.2025 во 00:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Р.Џ.М.(18) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, тој бил затекнат додека во угостителски објект на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово одземал предмети.
– Лицето е приведено во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на МВР.
Никола Ивановски