Трамп до Орбан: Фантастичен си, знам дека многумина не се согласуваат, но јас сум единствениот што е важен

Сподели со своите пријатели

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, го нарече унгарскиот премиер Виктор Орбан „фантастичен“ лидер, за време на конференцијата за мир во Газа одржана во египетското одморалиште Шарм ел Шеик, и додаде дека целосно го поддржува.

Видео-снимка од изјавата на Трамп беше објавена на Фејсбук страницата на унгарскиот премиер, објави унгарскиот MTI.

„Ја имаме Унгарија. О, Виктор! Го сакаме Виктор. Фантастичен си. Знам дека многу луѓе не се согласуваат со мене за тоа, но јас сум единствениот што е важен“, рече Трамп.

Трамп додаде и дека го поддржал Орбан на последните избори во Унгарија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Пентагон сака да им одредува на новинарите што можат да објавуваат

„Следниот пат ќе бидеш уште подобар. Ние сме со тебе 100 проценти“, рече Трамп, додека Орбан му се заблагодари на американскиот претседател во објавата.