Можна средба меѓу Ким и Трамп на крајот на октомври

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун би можел да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот на лидерите на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Јужна Кореја на крајот на овој месец, а можната локација е пограничното село Панмунџом, објави денес јужнокорејскиот министер за обединување Чунг Донг-јанг.

Тој наговести за оваа можност за време на парламентарната седница како одговор на пратеничко прашање, пренесува Јонхап.

„Врз основа на анализа на отворени информации и податоци, и американскиот и севернокорејскиот лидер се чини дека се подготвени за разговори“, рече тој, додавајќи дека изјавите на Ким за неговите „добри спомени“ од Трамп укажуваат дека тој е условно подготвен да се сретне со него, според агенцијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Белгија парализирана поради штрајк: Летовите откажани, јавниот превоз блокиран

Ким ги даде овие забелешки на клучен парламентарен состанок минатиот месец, истакнувајќи дека Северна Кореја е отворена за разговори со Вашингтон ако се откаже од барањата Северна Кореја да се денуклеаризира.

Јужнокорејскиот министер, исто така, рече дека пограничното село Панмунџом, каде што беше потпишан Корејскиот договор за примирје од 1953 година со кој заврши Корејската војна, најверојатно ќе биде местото за потенцијална средба меѓу Ким и Трамп.

Се очекува американскиот претседател да ја посети Јужна Кореја кон крајот на октомври за да присуствува на настаните на АПЕК во југоисточниот јужнокорејски град Гјеонгџу, објави Танјуг.