Од ноќеска на полноќ, бензините ќе поевтинат за еден денар по литар, додека дизелот ќе се продава за половина денар поевтино, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ).
Оваа одлука ја намалува просечната малопродажна цена на нафтените деривати за 0,83% во однос на претходната пресметка.
Со новите цени, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе чини 73 денари по литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 75 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 68 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 67,5 денари по литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,001 денар по килограм и сега изнесува 36,661 денари.
РКЕ истакнува дека нафтените деривати на светскиот пазар во однос на претходната пресметка бележат намалување кај бензините за 3,358%, кај дизелот за 2,566%, кај екстра лесното масло за 2,450%, додека кај мазутот намалувањето е 0,645%. Во меѓувреме, курсот на денарот во однос на доларот по кој беа пресметани цените претходно е повисок за 0,5110%.