Педесетгодишна кумановка ноќва пријавила дека била физички нападната во казино.
– На 13.10.2025 во 01:50 часот во СВР Куманово, М.Б.(50) од Куманово пријавила дека во казино на булевар „Октомвриска револуција“ во Куманово била физички нападната од Б.А.(41) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против Б.А. ќе следува соодветен поднесок.
Никола Ивановски