Кумановка со „хонда“ излетала од патот. Тројца повредени.

Сподели со своите пријатели

Три лица се повредени, од кои две потешко, откако „хонда“ управувана од 32-годишна кумановка излетала од патот Демир Капија – Неготино.

– На 11.10.2025 околу 23:10 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на автопатот Демир Капија-Неготино, кај место викано „Јела“, патничко возило „хонда“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 32-годишната И.П. од Куманово, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка В.П.(58) од Куманово и малолетен сопатник од Скопје, додека со телесни повреди возачот И.П., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје и Општа болница Кавадарци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Куманово ќе добие повеќе паркови, дрвореди и уредени зелени површини, најави Крстиќ (ВИДЕО)

По наредба на јавен обвинител, извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.

Никола Ивановски