Приведен 45-годишен кумановец по пријава дека ја нападнал поранешната сопруга

Сподели со своите пријатели

Четириест и петгодишен кумановец бил приведен вчера попладне по пријава дека физички ја нападнал неговата поранешна сопруга.

– На 09.10.2025 во 16:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода К.К.(45) од Куманово затоа што физички ја нападнал неговата поранешна сопруга, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МКК Куманово пред празни трибини го пречекува КК Маџари