Ким Џонг Ун ги повика членовите на партијата на строга дисциплина

Сподели со своите пријатели

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун денес повика на строга дисциплина и елиминирање на „движењата што го поткопуваат авторитетот“ на Работничката партија на Кореја (РПК), пред 80-годишнината од основањето на партијата.

За време на посетата на Музејот на фондацијата на партијата во Пјонгјанг, Ким ја нагласи потребата од „цврст ред и здрава дисциплинска клима“ во партијата, повикувајќи на откривање и отстранување на сите елементи што го загрозуваат угледот на раководството, објави Јонхап.

Во својот говор, Ким ја предупреди партиската елита да се воздржи од „незнаење, некомпетентност, неодговорност, самозаштита, формализам, самоволие, ароганција и злоупотреба на моќ“.

Говорот на Ким го следеа членови на Президиумот на Политичкото биро, претставници на Централниот комитет и раководители на клучни министерства и институции, објави Танјуг.

Северна Кореја ќе ја одбележи годишнината од партијата со воена парада на која ќе присуствуваат високи претставници од Кина и Русија.