Во кумановските училишта започна проектот ОВЕП: Промоција на олимписки вредности меѓу младите

Сподели со своите пријатели

Претставници на Македонскиот олимписки комитет беа во посета на основните училишта во Куманово, со што официјално започна реализацијата на проектот ОВЕП (Olympic Values Education Programme) – образовна иницијатива насочена кон промоција на олимписките вредности на почит, пријателство и извонредност преку наставниот процес.

Во рамките на проектот се вклучени 20 наставници кои ќе работат со учениците на активности што ќе го поттикнуваат тимскиот дух, личниот развој и позитивниот натпреварувачки став.

Одржаната фокус група ќе биде основа за изработка на прирачник за наставниците, со конкретни насоки како овие вредности да се интегрираат во сите училишни предмети.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сопругата на Шахини осомничена за повразност со обидот за негово убиство

„ОВЕП претставува значаен чекор во насока на воспитување на младите преку спортот, развивање на здрави навики и поттикнување на солидарност и фер-плеј во училиштата,“ истакнаа од Општина Куманово.

 

 

За време на посетата, претставниците на МОК остварија и средба со претседателката на Советот на Општина Куманово, на која беше разговарано за идната соработка и заеднички активности што ќе придонесат кон унапредување на спортот и вредностите што тој ги носи.

Проектот ОВЕП претставува дел од глобалната иницијатива на Меѓународниот олимписки комитет, која има за цел преку образованието да ги поттикне младите да живеат и учат според олимписките принципи.