27-годишник од Куманово тешко повреден откако со мотор удрил во „рено“

Сподели со своите пријатели

Дваесет и седумгодишник од кумановско се здобил со тешки телесни повреди откако со својот мотор удрил во „рено“.

– На 07.10.2025 околу 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот с.Ајватовци-с.Бунарџик, општина Илинден, мопед, управуван од С.Д.(27) од с.Биљановце, кумановско, удрил во патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, паркирано од А.З.(30) од с.Трубарево, скопско, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Театар Куманово најавува смеење до солзи на „Разбуди се Тина“ (ВИДЕО)

Никола Ивановски