Првичните индиции не укажуваат на политички мотиви зад денешната престрелката пред зградата на Општина Куманово во која беше ранет носителот на листата кандидати на ДУИ во Општина Липково, Зекирија Шахини, велат од Основното јавно обвинителство Куманово.
Сепак од ОЈО велат дека се проверуваат сите околности.
– Во однос на настанот на настанот во Куманово, двајца јавни обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви зад оружениот инцидент, но сите околности се проверуваат, стои во соопштението.
Инаку, денеска нешто пред 14 часот беше пукано во возилото на Шахини пред зградата на ооштината, на само неколку метри од полициската станица, судот, но и обвинителството.
Шахини се здобил со четири прострелни рани и вон животна опасност е пренесен на скопските клиники.
Улицата „11 Ноември“ е блокирана додека трае увидот, а полицијата со панцири и автоматско оружје е на терен и потрагата по напаѓачот трае.
Никола Ивановски