Израелската армија објави дека утрово, на втората годишнина од нападот на Хамас, кој ја предизвика војната во Појасот Газа, е забележана ракета испукана од северниот дел на палестинската територија.
Ракетата е детектирана откако се огласиле сирени во Нетив ХаАсара, во јужен Израел, недалеку од границата со Појасот Газа, се вели во соопштението на војската.
Се верува дека ракетата паднала во таа област.