Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег.
Ќе дува умерен до засилен северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Минималните температури низ држава утринава се движеа од -3 до 7 степени, а максималните дневни ќе бидат од 0 до 11 степени целзиусови.
Изминатото деноноќие во Куманово наврнале 22,2 литри дожд на метар квадратен. Најмногу дожд паднал во Струмица, дури 52,3 литри.
Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со врнежи од дожд, кои постепено кон крајот на денот ќе престануваат.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 2 степени, а максималната дневна ќе достигне 4 степени целзиусови.
Утре низ кумановско ќе имаме променливо облачно време со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се движи околу нулата, а дневниот максимум ќе достигне 9 степени целзиусови.
Во недела ќе имам променливо облачно време и значителен пораст на температурите.
Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северозапад.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу 8 степени, а максималната дневна ќе достигне до 15 степени целзиусови.
Почетокот на новата работна недела носи повторно услови за дожд.
Никола Ивановски