Малолетничка од Куманово со тешки повреди пронајдена под железнички мост

Сподели со своите пријатели

Малолетна девојка до Куманово била пронајдена со тешки повреди под железнички мост во населбата Средорек.

– На 01.10.2025 во 20:51 часот во СВР Куманово е пријавено дека под железнички мост во населбата Средорек со повреди била пронајдена 17 -годишна девојка од Куманово, информираат Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, таа била пренесена во Општа болница Куманово, каде и биле констатирани тешки телесни повреди.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Над 100 лица приведени во септември поради поседување на наркотични средства