Вечерва на Градскиот плоштад во Куманово, со почеток во 19 часот, ќе се одржи промотивната конвенција на движењето ЗНАМ – За наша Македонија.
На настанот ќе биде претставен кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Максим Димитриевски, како и кандидатите за советници, предводени од носителката на листата, Ивана Ѓорѓиевска.
Организаторите најавуваат дека конвенцијата ќе биде можност граѓаните да се запознаат со програмата и визијата на кандидатите пред претстојните локални избори.
Никола Ивановски