Фон дер Лајен го поддржа предлогот на Трамп за прекин на војната во Газа

Сподели со своите пријатели

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во вторник изјави дека го поздравува мировниот предлог на американскиот претседател Доналд Трамп, кој има за цел да ја прекине речиси двегодишната војна во Газа.

– Ја поздравувам посветеноста на претседателот Доналд Трамп за прекин на војната во Газа. Ги охрабрувам сите страни да ја искористат оваа можност. ЕУ е подготвена да придонесе – изјави Фон дер Лајен преку социјалната мрежа X.

Таа додаде дека непријателствата треба да престанат со итна хуманитарна помош за населението во Газа и дека сите заложници мора веднаш да бидат ослободени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американски суд привремено го блокираше планот на Трамп за затворање на Гласот на Америка

Европската Унија, како што нагласи таа, останува подготвена да се придружи на напорите за постигнување траен мир на Блискиот Исток.