Експлозија во магацин во Британија: Службите веднаш започнаа со евакуација

Сподели со своите пријатели

Службите за итни случаи беа повикани поради експлозија во магацин во индустриската зона Граундвел во Свиндон, Велика Британија, соопшти полицијата во Вилтшир.

Полицијата, пожарникарите и тимовите за итни случаи беа повикани на местото на настанот синоќа околу 19:30 часот, по што започнаа со евакуација на областа, објавува денес Скај њуз.

Тие ги повикаа жителите во областа да останат во затворен простор, да ги затворат прозорците и да ја избегнуваат индустриската зона од безбедносни причини.

Според Противпожарната и спасувачка служба на Дорсет и Вилтшир, најмалку десет противпожарни возила и специјализирана опрема се на местото на настанот за да го изгаснат големиот пожар во магацинот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Северна Кореја има до два тона збогатен ураниум? Сеул предупредува на нуклеарна закана!

Локалните жители објавија на социјалните мрежи дека ја почувствувале експлозијата и потресите во своите домови, опишувајќи „огромна огнена топка“ над магацинот.

Засега нема официјални информации за повредените.