Апокалипса во Италија: Свлечиште се движи кон куќи, патишта и автомобили под вода (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во италијанскиот регион Комо, обилни дождови предизвикаа лизгање на земјиштето и поплави, кои го погодија и центарот на истоимениот град.

Повеќе од 60 милиметри дожд наврнаа во тој регион синоќа, по приближно 170 милиметри што наврнаа претходниот ден, јавува денес агенцијата Анса.

 

 

Сериозни поплави беа пријавени по полноќ во центарот на градот, каде што локалната полиција го затвори брегот на езерото и другите главни патишта, кои беа покриени со кал и урнатини.

Ситуацијата е повторно критична во некои општини на брегот на езерото кои веќе беа погодени претходно, почнувајќи од Фаџото Лари и Блевио на источниот брег на езерото Комо, па сè до Блевио, каде што ново лизгање на земјиштето изолираше неколку села, од кои беа евакуирани вкупно околу триесет луѓе.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акциите на воените компании во Европа растат поради изјавата на Трамп

Пожарникарите одговорија на стотици повици, а ситуацијата е критична на сите патишта во тој регион.