Населбата Гоце Делчев доби нов уреден паркинг простор (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Паркинг просторот кај „Шипад“ во населбата Гоце Делчев е целосно завршен – асфалтиран, уреден и подготвен за користење, соопшти денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.

 

 

„Со ова граѓаните добиваат уреден и функционален простор за паркирање“, истакна Димитриевски, додавајќи дека проектот е уште еден чекор кон поурбано и пофункционално Куманово.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Претходно беше поставен бекатон на краците 1, 2, 3, 4 и 5 на улицата „Ѓорче Петров“ во населбата Перо Чичо.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот Куманово – Свети Николе

 

Никола Ивановски