Турција погодена од земјотрес од 4,6 степени

Сподели со своите пријатели

Турција денес беше погодена од земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Според извештаите, епицентарот на земјотресот бил на длабочина од седум километри, околу 57 километри југоисточно од градот Баликешир во западна Турција.

Досега нема извештаи за повредени или материјална штета.

Ова подрачје веќе беше погодено од земјотреси на почетокот на август и почетокот на септември, пренесува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ОН: Најмалку 127 цивили убиени во израелските напади врз Либан од прекинот на огнот