Неделна прогноза за Куманово: По летните температури, доаѓа дождот

Сподели со своите пријатели

Денеска низ Македонија во текот на денот времето ќе биде сончево и топло, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 27 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево и релативно топло време за овој период од годината.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи од 10 степени во утринските часови до максимални 32 степени во текот на денот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мотоциклист тешко повреден откако излетал од патот Куманово – Свети Николе

 

 

И утре низ кумановско ќе имаме сончево и многу топло време. Ќе дув слаб до умерен ветер од јужен и југозападен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 32 степени целзиусови.

Во среда ќе имаме претежно сончево и многу топло време со мала облачност и слаб до умерен југозападен ветер. Утринската температура ќе се движи околу 12 степени, а максималната дневна ќе достигне 32 степени целзиусови.

Четврток носи променливо облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југозапад. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 13 степени, а максималната дневна ќе достигне 29 степени.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово поразен од Еурофарм Пелистер 2

Ноќта кон петок се очекуваат слаби услови за дожд.

 

 

Во петок ќе имаме претежно облачно и посвежо време. Ќе дува слаб до умерен јужен и југоисточен ветер, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 12 до максимални 24 степени целзиусови.

Претежно облачно време со кратки сончеви периоди ќе имаме во сабота кога ќе дува слаб до умерен ветер од југ и југоисток. Температурата во утринските часови ќе се движи околу 11 степени, а максималната дневна ќе се искачи до 21 степен.

Ноќта кон сабота се очекуваат врнежи од дожд.

Во сабота ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерне јужен и југоисточен ветер, а температурата ќе се движи од минимални 11 до максимални 21 степен целзиусов. Ноќта кон недела повторно ќе има врнежи од дожд.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Синот натепал кумановец на плоштадот, мајката пак го тепала во станица

Облачно време со врнежи од дожд ќе имаме во недела. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а дневниот максимум ќе достигне 20 степени целзиусови.

 

 

Следната работна недела носи променливо време со повеќе дожд и пад на температурите.

Никола Ивановски