Изложба на мали автомобили и цртање графити утре во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во сабота, на 20 септември, во паркот на Октомвриска револуција меѓу зградите К4 и К5, ќе се одржи третиот по ред настан „И ја собирам автички, бре!“.

Настанот е закажан од 12 до 18 часот и е наменет за сите генерации – од најмалите до највозрасните.

Организатор е Die-Cast Club „Автички бре“, кој годинава подготви богата програма. Ќе бидат претставени 10 колекционери на минијатурни автомобили во различни размери – 1/64, 1/43, 1/24 и 1/18.

Голема атракција за децата ќе бидат креативните работилници што ќе ги водат „Бушава азбука“ и „Среќно детство“. Покрај тоа, љубителите на уметноста и музиката ќе имаат можност да уживаат во графити-арт на членовите на здружението за ликовна уметност „Форма“ од Куманово. „Овој настан е вистинска можност за младите да ја изразат својата креативност и да се вклучат во културни активности на отворено,“ изјави Младен Трендевски од здружението „Форма Куманово“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски на средба со лауреатот Весна Петрушевска (ФОТО)

Посетителите ќе можат да погледнат и изложба на винили на Q Rec, како и да уживаат во настапите на Дј Виктор, Пуца Череп, Никола НБК и 43ѕ.

Организаторите порачуваат дека сите се добредојдени – родители, деца, колекционери и љубители на уметност и музика.

„Очекуваме ден исполнет со дружење, радост и позитивна енергија,“ додаваат тие.

Никола Ивановски