„Од централниот буџет, мислам дека се финансирани проекти во вкупна вредност од 11 до 12 милиони евра овде во Куманово. Мислам дека е значајно, бидејќи досега такво нешто во општините не се случувало. Овие капитални инвестиции се токму во таа насока – да обезбедат подобар живот и подобри услови за живот на кумановци, како и на сите граѓани во Македонија. Повеќе за канализации, за асфалт, за патишта, булевари, за улици, за водовод итн. Така што, ние сме горди на тој проект, бидејќи со тој проект повеќе од 350-400 милиони евра ќе завршат во општините, вклучително со другите програми на министерствата“, вели претседателот на Владата Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Мицкоски потенцираше дека дел од проектите во општините што се финансирани преку унгарската кредитна линија веќе се отпочнати и завршени, дел се во тек на реализација, дел допрва ќе ја отпочнат, коишто ќе обезбедат подобри услови за живот на граѓаните.
„Станува збор за половина милијарда евра, коишто веќе почнаа да се чувствуваат. Дел од тие проекти се отпочнати и завршени, дел се во тек на реализација, дел допрва ќе ја отпочнат, бидејќи тендерските процедури од вториот повик траат. Така што навистина тоа претставуваше нешто вонредно добро, и бенефит имаат граѓаните коишто директно гледаат дека во нивните општини се работи“, посочи премиерот Мицкоски.