Мерц: Путин продолжува да ја дестабилизира Европа

Сподели со своите пријатели

Руското нарушување на полскиот и романскиот воздушен простор е дел од долгорочен тренд на тестирање на границите и саботажа од страна на претседателот Владимир Путин, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц во среда.

– Русија сака подмолно да ги дестабилизира нашите слободни општества – рече Мерц во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент, додавајќи дека мировниот договор во војната во Украина не може да дојде на сметка на политичкиот суверенитет и територијалниот интегритет на Киев.

– Наметнатиот мир, мир без слобода, би го охрабрил Путин да ја бара својата следна цел – додаде Мерц.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Литванија започна со обука и на деца за можен конфликт со Русија