38-годишен кумановец физички нападнал полицајци

Сподели со своите пријатели

Триесет и осумгодишник од Куманово бил приведен ноќва откако физички нападнал полициски службеници кои извршување службени дејствија.

– На 16.09.2025 во 01:50 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.А.(38) од Куманово затоа што на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово физички нападнал полициски службеници кои извршувале службени дејствија, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нов обид за измама со лажна сообраќајка, граѓаните се помалку наседнуваат