Иранскиот претседател ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел

Сподели со своите пријатели

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан денес ги повика муслиманските земји да ги прекинат врските со Израел.

Пезешкијан го изјави ова пред самитот планиран во Доха како одговор на нападот од минатата недела на Израел врз претставници на палестинското движење Хамас во главниот град на Катар.

„Можно е муслиманските земји да ги прекинат врските со овој фиктивен (израелски) режим и да го зачуваат своето единство и кохезија колку што е можно повеќе“, рече Пезешкијан пред да замине за Катар.

Претседателот на Иран изрази надеж дека на самитот ќе биде донесена одлука за мерките што треба да се преземат против Израел.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 17 мртви, десетици ранети во израелските напади врз Газа