Според проценките на Израелските одбранбени сили (ИДФ), повеќе од 320.000 Палестинци досега се евакуирани од градот Газа во други делови од Појасот, а околу 20.000 луѓе го напуштиле тој град во текот на ноќта.
Минатата недела, пред планираната офанзива на ИДФ против палестинското милитантно движење Хамас во областа, објави денес „Тајмс оф Израел“.
Се проценува дека еден милион Палестинци живееле во градот Газа пред израелската војска да започне со подготовките за голема офанзива против Хамас.
На цивилите им е наредено да се упатат кон хуманитарната зона одредена од Израел во јужна Газа, но многу жители на Газа велат дека никаде во Газа не е безбедно, објави Танјуг.