Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, информираат од Управата за хдирометеоролошки работи.
Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 21 до 28 степени целзусови. УВ индексот ќе има вредност седум.
Во Куманово и околината денеска ќе преовладува сончево и ветровито време. Максималната дневна температура ќе изнесува само 24 степени што е неовообичаено за овој период од годината. Ќе дува на на моменти засилен северен, односно северозападен ветер. Во вечерните часови ќе имаме веќе и едноцифрена температура, односно 9 степени целзиусови.
Во недела и во почетокот на наредната седмица ќе биде претежно сончево, а дневната температура постепено ќе расте.