Димитриевски и Ѓорѓиевска ги поднесоа кандидатурите (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актуелниот градоначалник на Општина Куманово и претседатле на Движење ЗНАМ – За наша Македонија Максим Димитриевски ја поднесе кандидатурата за нов мандат.

 

 

На претстојните избори, како носител на неговата кандидатска листа за советници ќе биде актуелната претседателка на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

– Куманово победува во прв круг! Денеска, заедно со носителката на листата за советници Ивана Ѓорѓиевска ги поднесовме кандидатурите за градоначалник и листата на кандидати за советници на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија во Куманово! Ветувам позитивна кампања, со одговорно и демократско делување. Граѓаните повторно ќе изберат реален и издржан концепт кој се темели на труд, дела и визија за Куманово. Куманово има континуитет, Куманово ќе продолжи да се менува, објави Димитриевски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  МРК Куманово во недела против РК Прилеп

 

 

Повеќе детали за кандидатурите, и за тоа кој се ќе се најде на листата, се очекува Димитриевски да даде за прес конференцијата закажана за околу 15 часот.

Никола Ивановски