Француската полиција изврши 675 апсења по протестот „Блокирај сè“, од кои 280 во регионот на Париз, објави денес француското Министерство за внатрешни работи.ж
Во соопштението се вели дека 549 лица останале во притвор, вклучувајќи 164 во Париз, а шефот на париската полиција Лоран Нуњез рече дека имало и други инциденти во текот на ноќта, особено на плоштадот Холидеј.
Тој рече дека најавените блокади не успеале, и покрај бројните обиди, вклучувајќи обиди за блокирање на обиколници и обид за провала во Северната железничка станица во Париз, објави BFM TV.
Полицијата изврши неколку апсења, а утрово, во Париз, безбедносните сили интервенираа кај Саенс По за да го деблокираат пристапот до локацијата.
Демонстрантите го најавија следниот протест за 18 септември, а Нуњез рече дека полицијата потоа ќе продолжи со „систематско деблокирање“ на локациите.
Најмалку 175.000 луѓе учествуваа во протестите „Блокирај сè“, а во среда низ целата земја се одржаа 550 собири.
Демонстрантите го блокираа сообраќајот, палеа контејнери и повремено се судираа со полицијата обидувајќи се да „блокираат сè“ во знак на протест против францускиот претседател Емануел Макрон, политичкиот естаблишмент и планираните намалувања на буџетот.