28-годишник приведен поради кражба од црква во Куманово

Сподели со своите пријатели

Дваесет и осумгодишник од кумановското село Костурник бил приведен под сомнение дека украл пари од црква во градот.

– На 09.09.2025 во 20:20 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода А.С.(28) од село Костурник, кумановско. Тој се сомничи дека со употреба на сила влегол во црква Свети Никола на улица „Димитар Влахов“ и одзел пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, А.С. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  506 ГОДИНИ КУМАНОВО: Како започнал развојот на градот пред повеќе од пет века?