Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Од ноќеска на полноќ се менуваат цените на горивата, согласно најновата одлука која денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажната вредност на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV), како и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), е зголемена за 1,00 денар по литар во споредба со нивото утврдено со претходната одлука за највисоки малопродажни цени од 01.09.2025 година.

Со оваа промена, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 76,00 ден/лит, ЕУРОСУПЕР БС-98 по 78,00 ден/лит, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) по 69,50 ден/лит, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 69,00 ден/лит.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Две лица од Режановце се тепале на градскиот плоштад

Истовремено, кај Мазутот М-1 НС е забележано намалување на цената за 1,245 ден/кг во однос на цената утврдена на 01.09.2025 година, така што новата малопродажна цена изнесува 37,148 ден/кг.