Делегација на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, која ја предводеше претседателот на Градската организација Скопје, Мирослав Лабудовиќ, денес присуствуваше на свечената академија по повод одбележувањето на Денот на независноста – 8 Септември, што се одржа во Македонската филхармонија.
Присуството на делегацијата на ЗНАМ е потврда дека независноста не е формалност од минатото, туку трајна задача за сегашноста и иднината. Жртвата и храброста на граѓаните кои ја создадоа Македонија се нашата
обврска секој ден да изградиме посилна, поправедна и послободна држава.
Одбележувањето на Денот на независноста нè потсетува дека иднината на државата се гради преку единство, одговорност и визија – вредности кои ги споделува и за кои силно се залага Движење ЗНАМ за Наша Македонија.
Движењето ЗНАМ за Наша Македонија останува целосно посветено на градење праведно и демократско општество, силни институции и стабилна европска Македонија која ќе им служи на сите граѓани.
Интегрално соопштение