Вечерва Куманово ќе биде дел од магијата на најшарениот уличен фестивал во земјава – Баскерфест Караванот 2025. Настанот ќе се одржи на плоштадот во градот со почеток од 19 часот.
По неколкугодишна пауза, фестивалот повторно се враќа меѓу граѓаните, носејќи улични изведби, изненадувања и моменти исполнети со радост и аплаузи.
Оваа година Баскерфест го одбележува своето јубилејно, 15-то издание, кое од 25 август до 6 септември патува низ девет градови на 13 различни локации.
Loading...
Куманово вечерва ќе стане сцена под отворено небо каде што уметниците ќе ја претворат вечерта во спектакл полн со емоции и боја.