Две лица се тепале во центарот на Куманово, го нарушиле јавниот ред и мир

Сподели со своите пријатели

Две лица од Куманово ноќва околу полноќ биле затекнати од полицијата како физички се пресметуваат во центарот на градот.

– На 05.09.2025 во 00:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово забележале дека на улица „Гоце Делчев“ во Куманово, А.Т. (53) и Б.Б.(24) го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Loading...

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски со отчет: Куманово продолжува да се менува! (ФОТО+ВИДЕО)