Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе присуствува на денешниот самит за Украина во Париз преку видео повик откако технички проблем на неговиот авион го принуди да се врати во Мадрид, изјави портпаролот на неговиот кабинет. Повеќе детали за овој инцидент засега се непознати, пренесува Ројтерс.
Европските лидери на таканаречената „коалиција на оние што се подготвени“ да ѝ помогнат на Украина ќе се сретнат денес во 10:30 часот по средноевропско време во Париз со претседателот на Украина Володимир Зеленски за да разговараат за помошта за Украина, а во 14 часот е планиран и разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.
Пред разговорите со Трамп, лидерите на таканаречената „коалиција на оние што се подготвени“ да ѝ помогнат на Украина ќе се сретнат лично во Елисејската палата во 10:30 часот, на која ќе присуствуваат Емануел Макрон, Володимир Зеленски, финскиот претседател Александар Стуб, полскиот премиер Доналд Туск, данската премиерка Мете Фредериксен, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и претседателот на ЕК Антонио Коста, а предвидено е да присуствува и шпанскиот премиер Педро Санчез.
Други лидери, меѓу кои британскиот премиер Кир Стармер и италијанскиот премиер Џорџо Мелони, ќе се обратат преку видео врска.