Жолто метео предупредување за Куманово за невреме со грмотевици

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно, наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Локално, процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилен пороен дожд за кратко време (над 20 l/m²), засилен ветер (над 60 km/h) и услови за изолирана појава на град.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со многу кратки сончеви периоди и услови за нестабилност во доцните попладневни часови.

Ќе дува слаб до умерено засилен ветер од југозападен правец.

Утринската температура ќе се движи околу 15 степени, додека максималната дневна се очекува да достигне 32 степени целзиусови.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мото клуб „Мечки“ со благодарници за Димитриевски и Ѓорѓиевска

Од странa на УХМР за регионот на Куманово е издадено жолто метео предупредување за опасност од невреме со грмотевици.

 

 

Од утре ќе се задржи претежно суво и натпросечно топло време со температури околу триесетиот степен.

Никола Ивановски