Приведен осомничен за палењето на „ланд роверот“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Триесет и едногодишник од Куманово бил приведен под сомнение дека предизвикал пожар на „ланд ровер“.

Loading...

– На 31.08.2025, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.П.(31) од Куманово. Тој се сомничи дека на 30.08.2025 на улица „Моша Пијаде“ во Куманово предизвикал пожар на патничко возило „ланд ровер“, сопственост на А.Г. од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи

Како што додаваат од полицијата, Б.П. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него е поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен 41-годишен кумановец поради кражба од продажен објект