Јапонија го забележа најжешкоto лето откако се прават мерењата

Сподели со своите пријатели

Јапонија го забележа своето најжешко лето досега оваа година, објави „Џиџи Прес“, повикувајќи се на Јапонската метеоролошка агенција.

Loading...

Агенцијата соопшти дека просечната температура во земјата за јуни, јули и август била за 2,36 степени целзиусови повисока од 30-годишниот просек до 2020 година, што е највисоко ниво откако се водат евиденции од 1898 година.

Претходните максимуми беа забележани во 2023 година и претходното лето, кога температурите се искачија за 1,76 степени Целзиусови над просекот, додаде агенцијата.

Јошинори Оикава, раководител на Информативниот центар за климатски екстреми на агенцијата, го опиша новиот рекорд како „невообичаено висок“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Директорот на Нестле доби отказ поради врска со колешка

„Глобалното затоплување е еден од главните фактори и на долг рок ќе имаме повеќе екстремно топли лета“, рече тој.

Јужна Кореја поставува рекорди

Оваа сезона, Јужна Кореја, исто така, го забележа најжешкото лето досега втора година по ред поради постојаните топлотни бранови, објавија локалните медиуми.

Корејската метеоролошка управа во понеделник соопшти дека е регистрирана просечна температура од 25,7 степени Целзиусови од 1 јуни до 31 август.

Ова го надмина минатогодишниот рекорд од 25,6 степени Целзиусови, што го означува најжешкото лето од 1973 година, кога земјата почна да собира метеоролошки податоци.

Loading...