Кина воведува безвизен режим за Русите до 30 дена

Сподели со своите пријатели

Кинеските власти ќе воведат безвизен режим за руските граѓани до 30 дена од 15 септември, објави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гуо Џиакун.

Loading...

Како што изјави, од 15 септември 2025 година до 14 септември 2026 година, ќе важи пробна политика за безвизен режим за руските граѓани кои имаат обични пасоши.

Според него, Русите можат да ја посетуваат Кина без виза за бизнис, туризам, посета на роднини или пријатели или размена на посети до 30 дена.

„Под стратешкото водство на двајцата шефови на држави, кинеско-руските односи одржуваат високо ниво на развој. Кина придава големо значење на интензивирањето на размената меѓу народите на двете земји, го поддржува зајакнувањето на соработката меѓу нив и дава позитивен придонес во развојот на сеопфатно стратешко партнерство и координација меѓу Кина и Русија во новата ера“, рече Гуо, пренесува ТАСС.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вучиќ пристигна во Кина, планирани средби со Путин и Си

Во таа прилика, тој исто така рече дека руските пријатели се добредојдени да ја посетуваат Кина што е можно почесто.