Патнички автобус се преврте во Авганистан: 25 лица загинаа

Сподели со своите пријатели

Дваесет и пет лица загинаа, а 27 се повредени кога патнички автобус се преврте во Кабул, објавија денес авганистанските талибанци.

Loading...

Несреќата се случила рано наутро во округот Арганда, а автобусот превезувал патници од југот на земјата.

Причината за несреќата е, по секоја веројатност, „насилно“ возење, објави портпаролот на Министерството за внатрешни работи.

Минатата недела во Авганистан се случи уште една голема сообраќајна несреќа, 80 лица загинаа во судир во покраината Херат на западот од земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бројот на раѓања во Шкотска падна на најниско ниво во последните 169 години