Трагедија во Австралија: Школски автобус излета од патот, има мртви

Сподели со своите пријатели

Едно девојче загина, а 11 лица се повредени кога школски автобус излета од патот во Австралија.

Loading...

Автобусот, кој превезувал 28 ученици од Христијанскиот колеџ, не успеал да сврти лево на селски пат во близина на градот Џилонг ​​и се превртел, објави Ројтерс.

Според извештаите, полицијата го опиша местото на несреќата како „неверојатно тешко“ за службите за итни случаи.

Вишиот офицер на полицијата на Викторија, Пол Линам, изрази сочувство до родителите кои го загубија своето дете, објавува Танјуг.

Едно дете е однесено во болница со сериозни повреди, додека други 10 лица, вклучувајќи го и возачот, се згрижени во болница.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Најмалку 30 загинати во лизгање на земјиштето во Индија (ВИДЕО)

Возачот на автобусот, 76-годишен, е пуштен од болница откако му е укажана лекарска помош и сега помага во истрагата за околностите на несреќата.

Полицијата ги истражува сите аспекти на несреќата, вклучувајќи ги техничките проблеми со автобусот и условите на патот во времето на несреќата.

Истрагата е во тек.

Loading...