Започна реконструкцијата на улицата „Карл Маркс“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово денеска започна со првата фаза од реконструкцијата на улицата „Карл Маркс“, позната меѓу граѓаните како Орта Бунар.

Loading...

 

 

Во тек се активности за гребење на постоечкиот асфалт, по што овој патен правец ќе добие ново асфалтно руво.

 

 

Loading...

Со реализација на проектот се очекува значително подобрување на условите за движење и побезбедно одвивање на сообраќајот.

 

 

Градоначалникот Максим Димитриевски информираше дека ова е дел од поширокиот план за инфраструктурни зафати во сите делови на градот.

 

 

Loading...

– Општина Куманово продолжува со реализација на инфраструктурни проекти со цел подобар и побезбеден сообраќај за нашите сограѓани, порача тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец со метален предмет оштетил повеќе паркирани возила

 

 

 

 

Никола Ивановски

Loading...