Хилари Клинтот неодамна с еобиде да го обише Трамп како неспособен кој не би смеел да ја има моќта за покренување на американскиот нуклеарен арсенал.
Дали сакаме неговиот прст да биде на копчето? – праша Клинтон во Сан Диего.
Нејзиниот републикански противник остро ги отфрли нападите и рече дека нуклеарното оружје треба да се користи како последно средства кое го има во рацете.
Меѓутоа, иако сите го замислуваме тоа како големо црвено копче, кое претседателите го притискаат и тоа активира нуклеарни бомви, во реалноста не е така.
Претседателот не притиска никакво кошче, туку поседува т.н. „бисквит“ картичка со нуклеарни кодови и актовка која се нарекува „фудбал“, а која содржи информации кои се потребни за покренување на нуклеарниот напад.
Мора да бидете подготвени во секој момент и секогаш тие работи да ги имате при рака – рекол Пит Мекгер, кој три години бил еден од петте посебни агенти на тајната служба кои наизменично ја носеле активката за нуклеарно лансирање во текот на перидоот кога Роналд Реган бил претседател.
„Фудбал чантата“ мора секогаш да биде покрај претседателот. Таа со енго оди на патувања, во готелот е на истиот кат со него, го следи низ Белата куќа и оди со истиот лифт каок и претседателот. Неа ја штитат и носат посебни агенти ан тајната служба на САД.
Постои исто така и „фудбал чанта“ за потпретседателот, доколку претседателот е онеспособен.
Прекарот „фудбал“ доаѓа од кодното име „dropkick“ што е вид на удар во американскиот дубал, за тајна нуклеарна војна, според поранешниот министер за одбрана Роберт Мекнамари.
Според зборовите на поранешниот директор на воениот кабинет на Белата куќа, актовката содржи четири работи:
Црна книга со сите нуклеарни опции, список на безбедностни бункери каде претседателот може да биде сокриен, упатство за користење на ургентен систем за лансирање на нуклеарен напад (Итен систем за пренос EPS) и картичка со автентични кодови за проверка на претседателовиот идентитет.
Мекгер наведува како пред да биде избран за помошник, кој водел грижа за тајната чанта, бил подвргнат на голем број психолошки тестови и разни евалуации.
И додека помошниците кои исто можат да го покренат нуклеарниот напад, мора да работат во парови и двајцата да притиснат за таква акција, за претседателот тоа не важи, може да одлучи сам.
Претседателот може да биде спречен само ако дојде до побуна, каде повеќе од една личнсот мора да се спротистави на неговата наредба.
Мекгер наведува каок и претседателот и помошниците доста сериозно ја сфаќаат својата улога во сето ова и дека таквата одлука не доаѓа туку така како гром од ведро небо, затоа што таа зад себе остава катастрофални последици кои засекогаш го менуваат човештвото.

