Кумановец со метален предмет оштетил повеќе паркирани возила

Сподели со своите пријатели

Триесет и двегодишен кумановец бил приведен вчера попладне под сомнение дека со метален предмет оштетил неколку паркирани возила.

Loading...

– На 25.08.2025 во 18:00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Б.К.(32) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека на улица „Благоја Думановски“ во Куманово со метален предмет оштетил паркирани товарно возило „ивеко“ со кумановски регистарски таблички, кабина од товарно возило „ивеко“ со битолски регистарски таблички и патничко возило „опел“, со гостиварски регистарски таблички, сопственост на две физички и едно правно лице, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вработена во кумановската болница се заканувала на свој колега

Како што додаваат од кумановската полиција, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски