Нетанјаху: Убиството на новинарите беше трагична несреќа

Сподели со своите пријатели

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ја осуди „трагичната несреќа“ по смртта на пет новинари, од кои неколку работеа за меѓународни медиуми, во израелските напади врз болница во јужниот дел на Појасот Газа, во кои загинаа вкупно 20 лица.

Loading...

„Израел длабоко жали за трагичната несреќа што се случи денес во болницата Насер“ во Кан Јунис, рече Нетанјаху во изјава на англиски јазик, уверувајќи дека „Израел придава важност на работата на новинарите, како и на медицинскиот персонал и на сите цивили“.

„Воените власти спроведуваат темелна истрага. Нашата војна е против терористите на Хамас. Нашите легитимни цели се да го победиме Хамас и да ги вратиме нашите заложници дома“, додаде израелскиот премиер.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Турција ги повика исламските земји да го суспендираат Израел во ОН