Израелската војска го истражува нападот врз болница во Газа во кој загинаа и новинари

Сподели со своите пријатели

Израелската армија објави дека наредила истрага за нападот врз болницата Насер во јужниот дел на Појасот Газа, во кој беа убиени 19 лица, вклучувајќи четворица новинари, беше објавено.

Loading...

„Порано денес, израелската армија изврши напад во областа на болницата Насер во Кан Јунис. Началникот на Генералштабот нареди што е можно поскоро да се спроведе прелиминарна истрага“, се вели во соопштението на армијата.

Се додава дека армијата „жали за секоја штета предизвикана на незаинтересирани лица и дека не ги таргетирала новинарите“.

Во нападот врз болницата во Кан Јунис беа убиени новинари од катарската телевизиска мрежа Ал Џезира, како и од новинските агенции Ројтерс и Асошиејтед Прес.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Израелците ја бомбардираа претседателската палата на Јемен (ВИДЕО)